top of page
Search
Writer's pictureAna Simonovska

Пролетно чистење

Доаѓањето на пролетта е одлична можност за чистење однадвор и одвнатре.

Во системот на Хата јога постојат повеќе техники за прочистување, кои имаат за цел да го исчистат, заштитат и зајкнат телото.

Меѓу основните се вбројуваат Џала и Сутра Нети и Шанкапракшалана.



Џала Нети е метода за прочистување на носот со топла солена вода.

Таа може да делува превентивно и позитивно при настинки, грип, главоболки, астма и други респираторни проблеми, а со редовно изведување може да намалат и проблемите поврзани со алергии.


Сутра Нети е техника со која вршиме отстранување на погруби нечистотии во горните дишни патишта, носот и грлото, а тоа го правиме со помош на гумен катетер.



Шанка Пракшалана ни овозможува целосно чистење на дигестивниот тракт, а тоа го правиме со помош на млака, солена вода и комбинација од 5 јога положби.

Во ова видео детално објаснувам како се изведува таа, како да се подготвиме и што да правиме по завршувањето на чистењето, со цел безбедно да ја изведеме техниката и максимално да ги искусиме придобивките на подолг рок.



94 views0 comments

Recent Posts

See All

Comentarios


bottom of page