Во оваа сесија вниманието го насочуваме кон зајакнување на целата задна линија на телото - грбот, глутеалните мускули и нозете. Одличен избор за сите оние кои имаат тенденција да ги држат рамениците и торзото во заоблена положба, подвиткани нанапред.
Преку варијации на положбата Шалабасана или скакулец, телото го поставуваме во екстензија и, работејќи „против“ оваа тенденција и гравитацијата, силно ги активираме споменатите мускули.
Пробајте, видете кои елементи од овој сплет вам најмногу ви одговараат и направете ги дел од вашата лична практика. Со редовна работа, сигурна сум дека вашето тело ќе ви биде благодарно :)
Comments