top of page
Сутра Нети
11:07

Сутра Нети

Ова видео е посветено на Сутра Нети, една од техниките за прочистување од системот на Хата Јога. Со неа вршиме отстранување на погруби нечистотии во горните дишни патишта, носот и грлото, а тоа го правиме со помош на гумен катетер. Оваа техника е тесно поврзана со Џала Нети, односно методата за прочистување на носот со топла солена вода. Доколку не сте запознаени со Џала Нети, би ве замолила најпрвин да го погледнете тоа видео - https://youtu.be/XeOAWJcQ4tc. Тука детално објаснувам за начинот на изведба, придобивки и контраиндикации. На кратко, таа може да делува превентивно и позитивно при настинки, грип, главоболки, астма и други респираторни проблеми, а со редовно изведување може да намалат и проблемите поврзани со алергии. Имајте при рака доволно хартија, сад во кој ќе може да се собира водата и нечистотиите. Катетерот е дезинфициран, чист и влажен. Го ставаме во едната ноздра и полека, полека, без присила го придвижуваме навнатре. По потреба го вртиме во круг за да го олесниме движењето. Дишеме низ устата. Низ носната шуплина, катетерот ќе навлезе во грлото. Сосема е нормално да имаме разни рефлексни реакции, да ни солзат очите, да се закашламе или да ни дојде нагон за повраќање. Но, немојте да се плашите. Иако можеби не изгледа најпријатно, оваа техника е добра за вас. Потрудете се да останете смирени, бидете трпеливи и нежно упорни. Откако ќе го почувствуваме катетерот во грлото, го фаќаме со палецот и показалецот или показалецот и средниот прст од другата рака и го повлекуваме надвор од устата. Така, држејќи ги двата краја, нежно го движиме катетерот напред назад неколку пати. Откако ќе завршиме, го извлекуваме катетерот низ устата. Плукаме, ако ни дојде да плукнеме. По потреба го празниме носот, па повторуваме на другата страна. Откако ќе завршиме со двете страни, изведуваме Џала Нети, односно го испираме носот и грлото со топла солена вода. Токму од таа причина најдобро е најпрвин да ја усовршите таа техника. На крајот потрудете се целосно да ја отстраните водата. Повторно, ова е детално објаснето во видеото посветено на Џала Нети. Сутра Нети е доволно да се изведува еднаш седмично. Како што напоменав, не смееме ништо на сила да правиме и со тоа да ризикуваме повреда. Доколку страдате од хронично крварење во носот, воздржете се од изведувањето на оваа техника.
Неутрализација на ефектите од седењето
19:04

Неутрализација на ефектите од седењето

Дали знаете која е најопасната „безопасна“ работа која секојдневно ја правиме? Долгочасовно седење. Токму така. Седењето со часови може да придонесе кон развој на бројни заболувања. Особено страдаат колковите, р’бетниот столб, вратот и рамењата. Поради неправилното држење, градниот кош се „затвора“ и дишењето е неправилно, што, пак, се одразува на тоа како се чувствуваме на физичко, ментално и енергетско ниво. Крупните мускулни групи во нозете и задникот слабеат, а мускулите кои ги креваат нозете (флексорите на колковите) се стегаат. Таа комбинација од фактори може да придонесе кон болки во лумбалниот дел од р’бетот. Долгочасовно седење може да предизвика дијабетис, висок крвен притисок, кардио-васкуларни заболувања, зголемен ризик од срцев и мозочен удар, одредени форми на рак, особено кај жените, проширени, варикозни вени, поради собирањето на крвта во нозете за време на седењето, анксиозност, депресија… Она што особено загрижува е тоа што дури и ако редовно вежбаме, сепак ризикуваме здравствени проблеми доколку остатокот од денот го минуваме неактивни и седејќи. Решение би можеле да бидат активни „мини - паузи“ во текот на целиот ден. На пример, на секои два три часа, да станеме од столчето, нежно да го раздвижиме телото и да се растегнеме. Акумулираниот ефект може да биде многу позитивен. Во ова видео давам неколку идеи како би можеле преку едноставни, интуитивни и природни движења да го активираме нашето тело и барем делумно да го неутрализираме негативниот ефект на долгочасовното седење. Одберете го она што ви е потребно, адаптирајте го на сопствените можности, додадете нешто свое... она е што е најважно е да се движите :)
Ротирачки асани
40:26

Ротирачки асани

Ротирачките асани, односно оние положби во кои торзото ротира, се сметаат за чистачи на системот, создаваат природна топлина и енергија, а ослободуваат од напнатост, стрес и анксиозност. Тие се од огромна важност за одржување на здравјето на рбетниот столб, правејќи ги сврзните ткива силни, еластични и подмачкани. Ротирачките асани ги масираат сите органи во централниот дел од телото, помагајќи ја притоа абсорпцијата на хранливи материи во дигестивниот систем и елиминацијата на токсините преку цревата, бубрезите и црниот дроб. Кога го ротираме телото, за кратко време, додека ја држиме положбата, го ограничувме протокот на крв. Ослободувајќи ја положбата наплив на свежа крв носи кислород и го освежува системот. Практикувајќи ги ротирачките асани наизменично на едната, па на другата страна, го помагаме процесот на елиминација и отстранување на токсините од телото. Се смета дека оваа група асани го стимулираат метаболизмот и го зајакнуваат имунитетот. Во одредени јогиски текстови може да се прочита дека ротирачките положби ги уништуваат болестите. Земајќи предвид дека 80 проценти од нашиот имунолошки систем е лоциран во цревата, има смисол дека тие се многу моќна алатка при борба со болести.
Контра положба
08:04

Контра положба

Концепт на контра положба во јога асана практиката Што е контра положба? Контра положба, едноставно кажано, е онаа положба која која го движи телото во насока спротивна на претходната. Терминот контра положба е буквален превод на санскритскиот pratikriyasana. Која е целта? Целта на контра положбата е да ја неутрализира, интегрира, рафинира и на извесена начин да ја продлабочи „работата“ на претходната асана што ги таргетира истите делови на телото, ослободувајќи ја притоа насобраната напнатост, која можеби се создала во текот на практиката. Во практика Екстензијата ја балансираме со флексија и обратно. Десната ја балансира левата страна. Внатрешната ротација ја балансира надворешната ротација во зглобовите кои го дозволуваат тоа движење, како на пример колковите. Ротирачките асани може да се користат да ја „избалансираат“ која било друга положба која го таргетира рбетот. Контра положбата не треба се држи толку долго ниту пак да биде толку длабока како асаната која сакаме да ја неутрализираме. Откако ќе излеземе од длабока експресија на одредена асана или сме останале во положбата подолго време, најдобро е најпрвин да „одмориме“ на кратко во неутрална положба пред да продолжиме со соодветната неутрализирачка асана. Оставете му на телото простор да се одмори, почитувајте ги неговите желби и немојте да брзате во следната асана.
Неутрализација на ефектите од седењето
19:04

Неутрализација на ефектите од седењето

Дали знаете која е најопасната „безопасна“ работа која секојдневно ја правиме? Долгочасовно седење. Токму така. Седењето со часови може да придонесе кон развој на бројни заболувања. Особено страдаат колковите, р’бетниот столб, вратот и рамењата. Поради неправилното држење, градниот кош се „затвора“ и дишењето е неправилно, што, пак, се одразува на тоа како се чувствуваме на физичко, ментално и енергетско ниво. Крупните мускулни групи во нозете и задникот слабеат, а мускулите кои ги креваат нозете (флексорите на колковите) се стегаат. Таа комбинација од фактори може да придонесе кон болки во лумбалниот дел од р’бетот. Долгочасовно седење може да предизвика дијабетис, висок крвен притисок, кардио-васкуларни заболувања, зголемен ризик од срцев и мозочен удар, одредени форми на рак, особено кај жените, проширени, варикозни вени, поради собирањето на крвта во нозете за време на седењето, анксиозност, депресија… Она што особено загрижува е тоа што дури и ако редовно вежбаме, сепак ризикуваме здравствени проблеми доколку остатокот од денот го минуваме неактивни и седејќи. Решение би можеле да бидат активни „мини - паузи“ во текот на целиот ден. На пример, на секои два три часа, да станеме од столчето, нежно да го раздвижиме телото и да се растегнеме. Акумулираниот ефект може да биде многу позитивен. Во ова видео давам неколку идеи како би можеле преку едноставни, интуитивни и природни движења да го активираме нашето тело и барем делумно да го неутрализираме негативниот ефект на долгочасовното седење. Одберете го она што ви е потребно, адаптирајте го на сопствените можности, додадете нешто свое... она е што е најважно е да се движите :)
Гомукасана со ремен
01:11
Инверзии на ѕид
00:45
bottom of page