Јога помагала
Зошто и како да користиме помагала во нашата јога практика?
Токму на тоа прашање, преку неколку класични положби, барем делумно се обидувам да одговорам во ова видео.
Се смета дека помагалата имаат потенцијал да ги трансформираат асаните и да додадат нови слоеви на интерес во практиката. Тие можат ја направат положбата попристапна, попријатна, поудобна и стабилна, да го намалат или зголемат интензитетот и да ја продлабочат положбата.
Дали и зошто вие користите јога помагала?